Ѓорческа поразена од Ламенс во квалификациите на Ролан Гарос
Македонската тенисерка Лина Ѓорческа денеска го заврши настапот на вториот грен слем турнир – Ролан Гарос откако во првото коло од квалификациите загуби од 17 носителка Сузан Ламенс од Холандија со 2:0 во сетови (6:4 и 6:2).
Препорачано
Мечот траеше 69 минути и беше прекинат во првиот сет при 2:2 во гемови поради дожд.
Во продолжението од мечот Ѓорческа дојде до предност од 4:3, но противничката успеа да освои три гема во серија и го доби првиот сет со 6:4.
Во вториот сет резултатот во гемови повторно беше нерешен до средината на сетот 3:3, но Ламенс со нова серија од три гема го доби вториот сет со 6:3.
Ѓорческа имаше проблеми со сервисот во текот на мечот и направи 16 двојни сервис грешки и имаше 41 неизнудена грешка.
Нашата тенисерка следната недела ја очекува настап на ИТФ турнир во Куршумлијска Бања во Србија.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
9мин
-
31мин
-
40мин
-
1час
-
1час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


