фото: X@F1BigData

ВИДЕО – Ф4: Голема несреќа за влакно беше избегната на автодромот во Москва

Трката во Ф4 во Москва можеше да заврши со голема несреќа „благодарение“ на катастрофалната грешка на безбедносното возило. За среќа, немаше повредени

Голема трагедија беше за малку избегната за време на руската автомобилска трка во Ф4 откако безбедносното возило влезе на патеката, токму кога трката требаше да биде рестартирана.

Водечкиот во трката најлошо помина во верижната реакција што следуваше, во инцидентот што лесно можеше да заврши како многу сериозна несреќа.

Откако прв притисна на сопирачките, водечкиот веднаш беше удрен одзади од второпласираниот возач. Следуваше верижна реакција која за чудо мина без посериозни последици и никој не беше повреден.

Снимката од застрашувачката ситуација се прошири брзо низ социјалните медиуми, привлекувајќи силни реакции од целиот свет на авто-мото спортот.

Што се однесува до резултатите од првите четири трки, победници беа Иван Пигаев, Тимур Шагалиев, Максим Орлов и Платон Костин, за време на првиот викенд од сезоната од 24 трки.

ВИДЕО | Стравичен пад на Алекс Маркез во Барселона, моторот се распадна на делови

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот