Алкараз и Синер без проблеми обезбедија четвртфинале во Мајами

Фото: EPA-EFE/CRISTOBAL HERRERA-ULASHKEVICH

Карлос Алкараз засега нема проблеми и лесно ги минува пречките на турнирот во Мајами. Нова „жртва“ на шпанскиот тенисерр беше Италијанецот Лоренцо Мусети.

Алкараз прикажа сигурна игра и со 2:0 во сетови, двапати по 6:3 успеа да слави во мечот.

Противник на Шпанецот во четвртфиналето на турнирот ќе биде бугарскиот тенисер, Григор Димитров кој по голема борба успеа да го совлада Хуркач со 2:1 во сетови (3:6, 6:3, 7:6).

Без поголеми проблеми до победа дојде и Јаник Синер кој со 2:0 (6:4, 6:3) славеше против Оконели. Зверев се радуваше против Качанов со 6:1 и 6:4.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот