фото: EPA-EFE/JOEL CARRETT

Алкараз го откажа настапот на турнир кој лани го освои

Најдобриот тенисер на светот, Карлос Алкараз, донесе очекувана одлука веднаш по освојувањето на трофејот на Австралија опен и реши да го прескокне својот прв следен турнир во сезоната.

Шпанецот вчера за првпат триумфираше во Мелбурн, а денеска официјално е потврдено дека нема да настапи на турнирот во Ротердам, каде што требаше да се појави како бранител на титулата. Иако беше планирано Алкараз да го брани трофејот во Холандија, тој одлучи да си даде кратка пауза и да се одмори по исцрпувачкиот и успешен настап на првиот грен-слем турнир во годината.

Следниот предизвик за лидерот на АТП-листата ќе биде турнирот во Доха, кој е на програмата од 16 до 21 февруари. Се очекува силна конкуренција, а меѓу пријавените е и неговиот моментално најголем ривал, Јаник Синер.

На најновото рангирање на АТП, Алкараз и понатаму цврсто го држи првото место со вкупно 13.650 освоени бодови.

ВИДЕО | Алкараз со пресврт до првата титула на Австралија опен

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот