Фото: EPA/JOEL CARRETT

ВИДЕО | Алкараз со пресврт до првата титула на Австралија опен

Во финалето на првиот грен слем турнир оваа сезона во Мелбурн, Австралија, шпанскиот тенисер Карлос Алкараз со 3:1 во сетови го совлада Новак Ѓоковиќ (Србија) по три часа игра.

За Алкараз ова е прва титула на Австралија опен, вкупно седма од грен слем турнирите. Ѓоковиќ пропушти шанса да дојде до својата рекордна 25 грен слем титула во кариерата.

Србинот добро го почна мечот славејќи убедливо во првиот сет со 6:2, но неговиот противник и прв светски рекет направи целосен пресврт.

Шпанецот одговори на ист начин освојувајќи го вториот сет со 6:2, потоа во третиот му дозволи еден гем повеќе на Ѓоковиќ (6:3), а во четвртиот триумфираше со 7:5.

Денешното финале беше 10 дуел помеѓу Ѓоковиќ и Алкараз, а билансот е изедначен. Минатата година тие се сретнаа двапати – Ѓоковиќ победи на Австралија опен, додека Алкараз беше подобар на САД Опен.

Фото: EPA/JOEL CARRETT
Фото: EPA/JOEL CARRETT

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот