Алиу и Фетаи на прес-конференција на „Вреди“ / Фото: „Вреди“ / 360 степени

Алиу вели дека Фетаи не доаѓа на владините седници, во последно време немале комуникација

Министерот за здравство Азир Алиу изјави дека во последниот период нема комуникација со својот колега, вицепремиерот за политики за добро владеење и транспарентност, Арбен Фетаи, наведувајќи дека тој не присуствува на седниците на Владата. Алиу во гостувањето во емисијата „360 степени“ нагласи дека отсуството на Фетаи не е поврзано со здравствени причини.

Алиу и Фетаи се дел од коалицијата „Вреди“, а тие останаа во Владата кога лидерот на нивната некогашна партија, крилото на Алијанса за Албанците на Арбен Таравари, лани ја напушти власта. Фетаи остана на функцијата вицепремиер, додека Алиу го наследи самиот Таравари како министер за здравство.

На прашањето дали комуницира со Фетаи, Алиу одговори: „Па, во последен период не бидејќи не е тука“. На дополнително прашање дали вицепремиерот присуствува на владини седници, Алиу кратко рече: „Не.“ Запрашан зошто е тоа така, тој изјави: „Не знам, не сум информиран.“

Алиу потоа посочи дека претходно постоеле одредени несогласувања околу политиките во рамки на „Вреди“ и Владата, но дека тие биле надминати внатре во коалицијата. Тој рече дека „во политиката е важно секој да придонесува со енергија и работа, а кога некој не се чувствува дел од заедничката структура, тогаш разделбата е легитимна опција“.

На прашањето дали тоа значи дека Арбен Фетаи би можел да биде заменет при следна реконструкција на Владата, Алиу одговори:

„Во моментот, знаете, ние како „Вреди“ работиме на дефинирање на органограмот на „Вреди“, сега веќе како политичка партија и сѐ уште не сме стигнати до нивото на анализа на перформансите на директорите, замениците, министрите и перформансите во Владата во целина за секоја политичка партија дел од „Вреди“.

Подобро да си во опозиција, отколку кукла во влада, смета Таравари

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот