Алиоски оптимист на патот кон ЕП: Имаме шанси да го победиме Косово!

Фото: ФФМ

Езџан Алиоски верува во пласман во финалето во ноември што ќе биде последна пречка за најдобрата македонска репрезентација за пласман на наредното Европско првенство 2021.

Играчот на премиерлигашкиот клуб Лидс направи фаул на гостувањето во Тбилиси во казнетиот простор за водство на грузиската селекција, но се вратија избраниците на селекторот Игор Ангеловски за израмнување, важен бод во Лигата на нации за одржување на добрата атмосфера во составот.

Поради црвениот картон Муслиу половина час бевме во дефанзива да се извлече посакуваното реми, а за Алиоски победата над Ерменија и сега бодот со Грузија беа добра подготовка пред она вистинското кое следува во месец октомври.

EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Потсетување само уште победи ни недостасуваат за пласман на континенталниот собир, во Скопје на 8 октомври на Националната арена „Тодор Проески“ ќе се соочиме со Косово, а доколку триумфираме финалето ќе го играме на гости кај Грузија или Белорусија.

– Пеналот беше момент, една секунда, пад на концентрација. Не стигнав на време да блокирам! Тој момент го поминавме, се вративме во игра и израмнивме. Но, кога тргнавме на победа се случи црвениот картон. Задоволни сме од играта, од темпото, двата меча кои се зад нас беа многу важни затоа што по девет месеци сме заедно. Многу важни натпревари и добри резултати со кои се подготвуваме за дуелот со Косово. Целта сега беше да освоиме минимум четири бода на овие два меча. Сега на ред е Косово. Имаме шанси да ги победиме, сега тие се нашиот таргет – вели нашиот репрезентативец Алиоски.

Македонија со бод како „планина“ против Грузија на Динамо Арената! (ВИДЕО)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот