Алиоски ја сонува Премиерлигата, новиот натпревар на 21 јуни!

twitter:Leeds United

Лидс на Езгјан Алиоски беше на првото место на табелата после 37 кола со 71 бод, еден повеќе од Вест Бромвич, а на третата позиција е Фулам (64).

После најавата дека ќе продолжи сезоната во Премиер лигата, денеска истото го направија и од Чемпионшип. Поради пандемијата на коронавирус, три месеци во прекин беше второто по квалитет најдобро англиско првенството, но сега официјално возбудувањата во ова натпреварување ќе се вратат за 12 дена, односно на 20 јуни (сабота).

До прекинот на сезоната Лидс на Езгјан Алиоски беше на првото место на табелата после 37 кола со 71 бод, еден повеќе од Вест Бромвич, а на третата позиција е Фулам (64).

Чемпионшип ги закажа следните натпревари, а новиот меч Лидс ќе го има на 21 јуни (недела) на гостински терен против Кардиф сити во рамките од 38 коло.

Во другите средби се среќаваат: Фулам-Брентфорд, Блекбурн роверс-Бристол сити, Хадерсфилд таун-Виган атлетик, Хал сити-Чарлтон атлетик, Лутон таун, Престон норт енд, Мидлзбро-Свонси сити, Милвол-Дерби каунти, КПР-Барнсли, Ридинг-Стоук сити, Шефилд веднздеј-Нотингем форест, ВБА-Бирмингем сити, Кардиф сити-Лидс јунајтед.

Македонскиот репрезентативец досега сезонава запиша 30 натпревари и четири голови против Хал сити, Хадерсфилд таун, Милвол и Стоук сити.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот