Алиоски денеска ќе го има последниот настап за Лидс!?

Фото: EPA-EFE/Peter Powell

На 30 јуни му истекува договорот на македонскиот репрезентативец со Лидс и нема никакви најави за продолжување на соработката.

Езџан Алиоски во последно време се поврзува со заминување од клубот и воедно се шпекулира дека од следната сезона ќе се пресели во редовите на турскиот Галатасарај.

Денеска се игра последното коло сезонава во Премиер лигата, составот на Марсело Биелса од 17.00 часот на домашен терен на „Еланд роуд“ со ограничен број на навивачи на стадионот, ја очекува екипата на Вест Бромвич.

Алиоски досега оваа сезона запиша два голови во 35 настапи, боите на Лидс ги брани од 2017 година, со значаен придонес во враќањето на клубот после 16 години во Премиер лигата.

Следниот месец го очекуваат нови настапи со нашата А репрезентација, поточно учеството на Европското првенство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот