Алими: Дуделанж е шанса да се вратиме на правиот пат

Принтскрин/YouTube KF Shkendija

Стратегот на тетовските „црвено-црни“, Ќатип Османи очекува поразличен пристап во однос на дуелите со Номе Калју.

-Атмосферата е стабилна после елиминацијата во ЛШ. Прво наше е да го вратиме доброто распложение, направивме анализа, свесни сме дека најголемата грешка се наоѓаше кај нас. Мислам дека со една позитивна атмосфера која ни е потребна сме подготвени за Дуделанж. После играта со Естонците, потребно е нешто да се менува во составот, сигурно ќе има промени. Не сме фокусирани на третото можно коло, фокусот главен е кон Дуделанж во овој момент- изјави тренерот на Шкендија, Османи кој најави дека очекува Фелипе, новото летно засилување, да стартува од првата минута.

Дуделанж беше анализиран, кој сака да игра, има поразлична филозофија на игра, иако со нешто послаба дефанзива од Номе. Доминантни се во првенството на Луксембург, лани имаа успех со влез во групна фаза на ЛЕ.

Фото: Фејсбук/Шкендија

– После дуелот со Номе разговаравме меѓу нас играчите, видовме што треба да се поправи. Еве можност да се вратиме на правиот пат. Нормално без навивачи фудбалот не е интересен. Ги повикувам и нашите верни навивачи, „Балисти“ да ни ја дадат поддршката од трибините. И порано сме имале притисоци, очекуваме утре поинаку да биде, во фудбалот ништо не се гарантира, на теренот ќе се обидеме да докажеме дека сме подобри од Дуделанж – се зборовите на фудбалерот и капитен на Шкендија, Арменд Алими.

Првите 90 минути меѓу Шкендија и Дуделанж ќе се играат во вторник (23 јули) со почеток од 17.55 часот на Националната арена „Тодор Проески“ – Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот