Александар Волкановски: Јас сум Македонец и Грк и сакам да ја посетам Европа

EPA-EFE/RICHARD WAINWRIGHT

Во интервју за шпанска „Марка“ австралискиот борец зборува за претстојната борба за УФЦ-титулата со Илија Топурија, за своето етничко потекло и за желбата наскоро да ја посети Европа. Волкановски е популарен во Македонија поради своето потекло, а во Австралија е еден од најпопуларните спортисти

Австралискиот шампион во УФЦ со македонско потекло Алексадар Волкановски (36) даде интервју за шпанска „Марка“ за неговиот претстоен меч со Илија Топурија (27), шпанскo-грузискот борец.

Во интервјуто Волкановски зборува и за своето етничко потекло, како и за мечот со Топурија, во кој Австралиецот ќе ја брани титулата во перолесна категорија, во Анахејм, Калифорнија (САД), в сабота.

Еве како Волкановски одговори на прашањето на „Марка“ дали бил во Шпанија и што мисли за таа земја.

– Никогаш не сум бил во Шпанија, па сакам да одам и да направам турнеја низ Европа, што е нешто што никогаш не сум го направил. Јас сум Македонец и Грк (преку неговите родители), па тоа е нешто што би сакал. Отсекогаш сум сакал да ја посетам Европа. И мислам дека посетата на Шпанија би била неверојатна – вели Волкановски кој е роден во Австралија, а чиј татко е роден во селото Беранци, Македонија, а мајка му е од Грција.

Еве што вели Волкановски за мечот со Топурија:

– Мислам дека можам да ја добијам борбата на сите нивоа. Очигледно, тој има моќ и тоа го прави опасен. Добар е во бокс. Мислам дека би можел дури и да победи во секоја ситуација, но дури и да е само бокс-меч, ќе го победам. Мислам дека ќе го елиминирам на половина меч… Мислам дека ќе ја завршам работата рано, но сакам навистина да се чувствувам како шампион пред да го докрајчам – вели Волкановски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот