Алекс Родригез и Џаклин Кордеиро - Фото: Прибнтскрин/Јутјуб

Алекс Родригез и Џаклин Кордеиро ставија крај на тригодишната врска: „Сè уште има љубов и почит меѓу нас“

Поранешната бејзбол-ѕвезда Алекс Родригез (50) и фитнес-тренерката Џаклин Кордеиро (46) ја прекинаа својата љубовна врска по повеќе од три години заедно. Веста за раскинувањето ја потврди лично Кордеиро во изјава за американскиот медиум „ТМЗ“ , нагласувајќи дека меѓу нив нема никакви судири ниту лоши односи.

„Да појаснам, Алекс и јас моментално минуваме низ период на раздвоеност, но меѓу нас и понатаму постои меѓусебна љубов, грижа и длабока почит, како и кон нашите семејства“, изјави таа.

Џаклин додаде дека продолжуваат да се поддржуваат еден со друг и дека „не постои никаква нетрпеливост, драма ниту негативна приказна“. Таа откри и дека моментално е фокусирана на сериозна здравствена ситуација во нејзиното семејство, поради што приватниот живот ѝ е главен приоритет.

„Алекс и јас сме сè уште многу блиски. Од почит кон сите, особено кон нашите ќерки и семејствата, би замолила на оваа ситуација да ѝ се пристапи со разбирање и со приватноста што ја заслужува“, порача Кордеиро.

Извор близок до поранешната двојка наведе дека тие всушност ја прекинале врската пред околу два месеци.

Нивната романса стана позната во јавноста во 2022 година, кога американските медиуми објавија дека поминуваат многу време заедно. Неколку недели подоцна, тие ја потврдија врската на социјалните мрежи за време на божиќните празници во Њујорк.

Една година подоцна, поранешниот спортист јавно зборуваше за тоа како, благодарение на фитнес-програмата на својата партнерка, успеал да ослаби дури 15 килограми (32 фунти).

Родригез истакна и дека Џаклин е многу грижлива личност, делумно и поради тоа што претходно работела како медицинска сестра.

Алекс Родригез и Синтија Скуртис беа во брак од 2002 до 2008 година, а се разведоа откако таа поднесе барање поради емоционално запоставување на семејството и неверство. Заедно имаат две ќерки, Наташа и Ела.

Пред врската со Џаклин Кордеиро, Родригез беше во куса врска со моделот Кетрин Паџет, а претходно беше свршен и со светската поп-ѕвезда Џенифер Лопез.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот