Алекс Ринс во фото финиш побрз од Маркез на Силверстон

фото: мото гп

Возачот на Сузуку, Алекс Ринс ја оствари втората победа оваа сезона во Мото ГП шампионатот оваа сезона, откако во фото финиш триумфира на трката за Големата награда на Британија. Ринс успеа да го претекне Марк Маркез од Хонда на стартно-целната линија и до триумфот дојде со само 0.013 стотинки подобро време од шамионот.

Ова е втора едноподруго трка на која Маркез е поразен во последните моменти од трката, на претходната трка во Австрија, Андреа Довициозо го помина Шпанецот во последниот свиок.

Покрај Ринс и Маркез, место на победничкиот подиум обезбеди уште и возачот на Јамаха, Маверик Вињалес , додека Валентино Роси мораше да се задоволи со четвртото место.

Најголеми губитници на трката во Силверстон се Фабио Квартараро и Андреа Довициозо уште во првиот свиок ја завршија трката, по грешката на младиот Квартараро кој го удри возачот на Дукати и го исфрли од патеката.

И со освоеното второ место, Марк Маркез е на чекор од одбрана на титулата бидејќи по 12 трки, тој има 250 бодови, дури 78 повеќе од второпласираниот Довициозо, додека Алекс Ринс со 149 бодови се наоѓа на третото место.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот