Алекс Маркез поради страшниот пад во Барселона ќе пропушти две трки – кој ќе го замени?
Возачот на Гресини, Алекс Маркез, нема да настапи на трките во Муџело и Балатон парк поради повредите здобиени минатиот викенд на Големата награда на Барселона.
Препорачано
Помладиот од браќата Маркес заработи скршеница на седмиот пршлен и клучната коска по тешката несреќа во која имаше и среќа бидејќи сцената изгледаше навистина застрашувачки.
„Алекс Маркес ќе ги пропушти трките во Муџело и Балатон парк“, соопштија кратко од Гресини.
Според правилата, тимовите мора да ангажираат замена доколку стандардниот возач е отсутен повеќе од десет дена, а тоа е случај и со Алекс Маркес. Дополнителен проблем за Дукати е што и неговиот брат Марк Маркез во моментов е надвор од патеките поради скршеница на стапалото и проблеми со рамото.
Како најсериозна опција за замена се споменува тест-возачот Микеле Пиро, додека другите можни кандидати од Светскиот шампионат во супербајк истиот викенд ќе имаат обврски на трката во Арагон.
Шампионатот во Мото ГП продолжува со Големата награда на Италија, која ќе се вози од 29 до 31 мај.
ВИДЕО | Стравичен пад на Алекс Маркез во Барселона, моторот се распадна на делови


