Алекс Хонолд / Фото: Profimedia

ВИДЕО | Неверојатен подвиг: Алекс Хонолд се искачи без јаже на облакодерот Тајпеј 101

Светски познатиот алпинист и слободен качувач Алекс Хонолд утринава, по локално време, се искачи на еден од највисоките облакодери во светот, Тајпеј 101, без употреба на јаже.

Искачувањето, првично планирано за 24 јануари, беше одложено поради дожд. По пристигнувањето на врвот на зградата, висока околу 510 метри, Хонолд изјави дека условите биле исклучително тешки поради силниот ветер и дека самиот потфат бил физички многу напорен.

Настанот се пренесуваше во живо на Нетфликс и траеше нешто повеќе од еден и пол час. При почетокот на спуштањето, Хонолд стави заштитен појас и употреби јаже, по што се спушти до платформа каде што го пречека неговата сопруга.

Според коментаторите, поголемиот дел од патот надолу го поминал со лифт.

Роден во Калифорнија, Хонолд се занимава со качување уште од 11-годишна возраст, а студирал на Универзитетот во Калифорнија, Беркли.

Во 2017 година, тој самостојно и без јаже се искачи на гранитна карпа висока околу 900 метри во Националниот парк Јосемити. Остварувањето во 2019 година ја освои наградата Оскар за најдобар документарен филм.

Според неговата официјална биографија, Хонолд го реализирал и таканаречениот „троен соло“ – слободно искачување на Маунт Воткинс, Халф Дом и Ел Капитан во рок од 24 часа. Покрај тоа, има истражувано природни вертикални формации на Антарктикот, во Јужна Америка, Гренланд и на други локации ширум светот.

ВИДЕО | Алекс Хонолд планира да се искачи на Тајпеј 101, преносот ќе биде во живо на Нетфликс: „Ако паднеш, умираш“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот