Алекс Хонолд - Тајпеј 101 / Фото: Принтскрин/Јутјуб

ВИДЕО | Алекс Хонолд планира да се искачи на Тајпеј 101, преносот ќе биде во живо на Нетфликс: „Ако паднеш, умираш“

Американскиот врвен алпинист Алекс Хонолд планира нешто што звучи речиси невозможно, да се искачи сам, без јаже и никаква заштита, на фасадата на некогаш највисоката зграда во светот, Тајпеј 101 во Тајван. И она што е повозбудливо од самата вест е дека Нетфликс ќе го пренесува настанот во живо.

Според експертите за медиумска етика, ваквите преноси се проблематични. Клаудија Паганини, филозоф и теолог од Инсбрук, објаснува:

„Преносот на потенцијално смртоносен настан создава спектакл. Медиумите не само што известуваат, туку стануваат дел од ризикот. Публиката може да биде мотивирана да имитира, што е особено опасно за младите луѓе“.

Со други зборови, одговорноста веќе не е само на спортистот, туку и на медиумот кој го пренесува настанот.

Хонолд веќе е легенда. Во 2017 година, тој стана првиот човек кој се искачи на 900 метри високиот El Capitan во Националниот парк Јосемити, без никакво обезбедување. За тоа се сними документарецот „Free Solo“, кој освои Оскар во 2019 година.

Но разликата сега е огромна, тогаш сите знаеја дека Хонолд успешно се искачил, а овој пат преносот е во живо, па ништо не е сигурно.

Реакции од светот на алпинизмот

Германскиот алпинист Александер Хубер вели:

„За нас алпинистите, ова не е големо откритие. Но, Нетфликс ќе има голем аудиториум, а Алекс има право да го направи тоа“.

Хонолд е исто така еден од најплатените алпинисти и дел од приходите ги вложува во „Honold Foundation“, која поддржува проекти за соларна енергија.

Тајпеј 101 – фасада од стакло и алуминиум

Завршен во 2004 година, висок 508 метри, Тајпеј 101 бил највисоката зграда во светот се до Бурџ Калифа. Зградата е симбол на Тајпеј и е составена од осум блокови што се стеснуваат кон врвот.

Французинот Ален Робер, познат како „Францускиот Спајдермен“, веќе се искачил на Тајпеј 101 во 2004 година, тогаш со јаже и дозвола од властите. Робер е сигурен дека Хонолд ќе го изведе качувањето без проблем.

Живот и ризик

Хонолд е оженет и има две мали ќерки. Вели дека со години управува со ризикот и дека неговата визија е да умре на 80 години, опкружен со внуци.

Но, експертите предупредуваат, ако нешто се случи за време на преносот во живо, последиците за гледачите и семејствата можат да бидат трауматични. Во октомври, на пример, млад американски алпинист Балин Милер загина на El Capitan за време на пренос во живо, а искуството било шокантно за многумина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот