Алек Болдвин се спогоди со семејството на снимателката која ја уби

Алек Болдвин и Халина Хачинс/ Фото: Profimedia

Холивудскиот актер Алек Болдвин се спогодил со семејството на Халина Хачинс, директорката на фотографија која беше убиена на снимањето на филмот „Рѓа“, откако тој пукаше од реквизит.

Снимањето на филмот „Рѓа“ ќе продолжи во јануари 2023 година, а Метју Хачинс, сопругот на починатата Халина, ќе биде извршен продуцент, објави новинската агенција „Дедлајн“.

Во тужбата поднесена против Болдвин, продуцентите и другите членови на екипата се наведуваат неколку прекршувања на стандардите на филмската индустрија во текот на снимањето на филмот.

„Сите веруваме дека смртта на Халина била несреќен случај“, рекол нејзиниот сопруг.

Точните услови на договорот, кој е предмет на судско одобрување, не се објавени.

Во изјавата што ја објави „Дедлајн“, Метју Хачинс вели дека ќе ја преземе улогата на извршен продуцент и дека сите оригинални актери ќе бидат вклучени во продолжението на снимањето, што, како што истакна, ќе биде „оддавање почест“ на последното дело на неговата покојна сопруга.

„Низ овој тежок процес, сите ја задржаа специфичната желба да го направат она што е најдобро за синот на Халина. Благодарни сме на сите што придонесоа за решавање на оваа трагична и болна ситуација“, рече адвокатот на Алек Болдвин, Лук Никас од Квин Емануел, во соопштението.

Нови детали, помошникот режисер призна во полиција: Не проверив дали во пиштолот на Болдвин има лажни куршуми

Алек Болдвин ослободен од вина за смртта на Хачинс: Продукцијата на „Rust“ казнета со над 137.000 долари

ФОТО | Човекот кој на Болдвин му го даде пиштолот и порано имал слични инциденти – пиштолот „случајно“ пукал

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот