Алек Болдвин ослободен од вина за смртта на Хачинс: Продукцијата на „Rust“ казнета со над 137.000 долари

Алек Болдвин и Халина Хачинс/ Фото: Profimedia

Актерот Алек Болдвин тврди дека е ослободен од вина за смртта на кинематограферката Халина Хачинс, која случајно ја уби за време на снимањето на филмот „Rust“, пренесуваaт странските медиуми.

Болдвин ја даде изјавата набргу откако официјалните лица одговорни за здравје и безбедност при работа одредиле максимална казна за продуцентите на споменатиот вестерн.

Алек Болдвин
Алек Болдвин/ Фото EPA-EFE/ALEC TABAK /

Извршните продуценти ќе треба да платат казна од 136.793 долари, што е најголемата казна што може да се изрече. И самиот Болдвин бил продуцент, но во официјалните документи за истрага стои дека тој бил вклучен во сценариото и кастингот, но не и во безбедносните процедури.

„Имаше неколку пропусти на менаџментот и повеќе од доволно докази кои сугерираат дека ова смртоносно пукање, во кое загина Халина Хачинс и беше ранет Џоел Соуза, би се избегнале ако се следеле стандардните практики. Истрагата покажа дека грешките на продуцентите на „Rust“ биле сериозни и намерни“, истакна секретарот на кабинетот на Одделот за животна средина на Ново Мексико, Џејмс Кени.

Алек Болдвин
Алек Болдвин по инцидентот / Фото: Твитер, Пирс Морган

„Заклучокот е дека обврска на работодавците е да ги следат националните стандарди, а тоа не се случило на снимањето на „Rust“. Ова беше страшна трагедија и нашите мисли се со жртвата која беше мајка, сопруга, искусен снимател и почитуван член на филмската заедница“, продолжи тој.

алек болдвин
Фото: Принтскрин / Instagram

„Продолжуваме да се молиме и сме во главите на нејзините најблиски. Иако разбирам дека ниту една парична казна не може да ја надомести човечката загуба, ние ја сметаме Rust Productions целосно одговорна“, заклучи Кени.

Болдвин цело време тврди дека не е виновен

Алек Болдвин се огласи и на својот инстаграм-профил.

„Ние сме благодарни на Канцеларијата за труд и безбедност во Ново Мексико што ја истражува оваа работа. Цениме што извештајот го ослободува г-дин Болдвин, со што е јасно дека пиштолот содржел само лажни куршуми. Освен тоа, во извештајот се потврдува дека овластувњето на г-дин Болдвин во продукцијата на филмот било ограничено само на одобрување промени во сценариото и креативниот кастинг“, се вели во соопштението на неговиот тим објавено на неговиот инстаграм-профил.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Alec Baldwin (@alecbaldwininsta)

„Господин Болдвин немаше овластување за прашањата што се под истрага и задоволни сме што претставниците на Ново Мексико ги разјаснија овие критични прашања. Уверени сме дека лицата идентификувани во официјалниот извештај ќе одговараат за оваа трагедија“, се заклучува во соопштението.

Да потсетиме, Болдвин во големото интервју за „ABC News“ на почетокот на декември минатата година изјави дека не се чувствува виновен за смртта на снимателката.

„Има само едно прашање на кое треба да се одговори, а тоа е како вистински куршум завршил таму. Некој ставил вистински куршум во пиштолот, куршум што не требаше да биде на сет. Некој е одговорен за тоа што се случи. Не можам да кажам кој, но знам дека не сум јас“, рече Болдвин.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот