Фото: Eddie Moore/Albuquerque Journal / Zuma Press / Profimedia

Алек Болдвин ослободен од обвинението за убиството на Халина Хачинс: Актерот се расплака во судот

Судијката во Ново Мексико во петокот ги отфрли обвиненијата за убиство од небрежност против холивудскиот актер Алек Болдвин, согласувајќи се со одбраната дека обвинителите и полицијата затаиле докази за изворот на куршумот со кој на сетот беше убиена снимателката на филмот „Рѓа“ (Rust), Халина Хачинс, во 2021 година.

Три дена по судењето на Болдвин во Ново Мексико, судијката Мери Марлоу Сомер пресуди откако ги сослуша доказите за барањето на одбраната дадено претходно во петокот.

Расплаканиот Болдвин по пресудата ја прегрна сопругата Хиларија Болдвин, која беше на судењето, а неговата сестра Елизабет Кехлер не можеше да ги задржи солзите. Болдвин потоа ја напушти судницата без да разговара со новинарите, пренесува Ројтерс.

Адвокатскиот тим на актерот рече дека канцеларијата на шерифот во Санта Фе ги преземала куршумите како доказ во случајот, но не ги навела во истражното досие „Рѓа“ ниту, пак, го открила нивното постоење на одбраната.

Тие, исто така, тврделе дека куршумите се доказ дека куршумот што ја уби Хачинс дошол од Сет Кени, добавувач на реквизити за филмот. Кени негирал дека ја испорачал муницијата и не е обвинет во овој случај.

– Ускратувањето на доказите беше намерно и смислено – рекла Сомер образложувајќи ја својата одлука.

Ерлинда Џонсон, една од државните обвинителки во случајот, поднела оставка претходно во петокот.

– Немав намера да го мамам и залажувам судот – рекла главната државна обвинителка Кари Морисеј кога била повикана да сведочи.

Обвинителите тврделе дека Болдвин имал улога во смртта на Халина Хачинс бидејќи неодговорно ракувал со пиштолот.

Неговите адвокати тврделе дека Болдвин го изневериле одговорните за безбедност на снимањето, додека органите за спроведување на законот биле позаинтересирани за кривично гонење на Болдвин отколку да го најдат изворот на вистинскиот куршум што ја уби Халина Хачинс.

Во март, 27-годишната Хана Гутиерез, која беше задолжена за оружјето за филмот „Рѓа“, беше осудена на 18 месеци затвор за убиство од небрежност, бидејќи по грешка ставила вистински куршум во револверот што Болдвин го користел на сетот на Санта Фе.

Алек Болдвин побара од судот да ги отфрли обвиненијата против него за убиството на Халина Хачинс

ФОТО | Алек Болдвин се пофали со новиот имиџ, па веднаш „го подбраа“: 100 отсто заслужи да си во затвор сега!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот