Албанија вечерва доби 38.400 дози од вакцината на „АстраЗенека“ и најави оти ќе има и за здравствените работници од Косово

Фото: twitter

На меѓународниот аеродром во Тирана вечерва пристигна првата пратка од 38.400 дози на вакцини од „АстраЗенека“ преку Ковакс механизмот.

Премиерот Еди Рама, кој на аеродромот беше заедно министерката за здравство Огерта Манастирлиу и министерот за обнова Арбен Ахметај, најави нова пратка од 60.000 вакцини и соопшти дека во северниот албански град Кукс ќе бидат вакцинирани здравствените работници од Косово.

– Вакцинацијата за просветните работници започнува утре. Уште 60.000 дози ќе пристигнат во април. Идејата е да се направи интензивна вакцинација. Подготвени сме од утре да организираме, заедно со Косово, да дадеме можност на лекарите и на медицинските сестри од ковид болниците, почнувајќи од болницата во Приштина. Ги чекаме братски во Кукс, каде ќе ги примат вакцините, рече Рама.

Додаде дека ова е многу значајно за да „се надмине оваа пречка и Косово да ги добие првите дози на вакцината против ковид“, рече Рама.

Процесот на имунизација против ковид-19 под мотото „Албанија насмевната” почна на 11 јануари, со добиените 975 вакцини од, како што тогаш кажа Рама, пријателска земја. Во меѓувреме, во Албанија пристигнаа и 22.230 вакцини од компанијата „Фајзер“ од договорените 500.000. До денес, со процесот на имунизација се опфатени 23.635 лица од кои над 4.000 се лица постари од 80 години, додека останатите се здравствени работници.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот