Алаба објасни која е разликата помеѓу Реал Мадрид и Баерн

Алаба по 11 години поминати во Баерн, изминатото лето се пресели во Реал/ фото: EPA-EFE/Enric Fontcuberta

Давид Алаба изминатото лето одлучи по 11 години да си замина од Баерн Минхен и како слободен играч да се пресели во Реал Мадрид.

Австрискиот репрезентативец сега по неколку месеци како член на „кралскиот клуб“ ја објасни разликата помеѓу двата најголеми клубови на светот.

– Баерн како Реал Мадрид е еден од најголемите клубови на светот. Нема некоја преголема разлика. Сепак, без намера да го навредам Баерн Минхен, некако за нијанса се е поголемо во Реал.Почувствував некоја посебна конекција од првиот ден, големината на Реал Мадрид се чувстува на секој чекор, кога ќе се влезе во градот, на стадионот, во тренинг центарот. Овој клуб е посебен – изјави Алаба.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот