Актерката Ребел Вилсон откри како ја третираат луѓето откако таа ослабе

Фото: Профимедиа

Актерката Ребел Вилсон се запиша во листата со најневеројатните трансформации за 2020 година. Таа намали повеќе од 30 килограми!

Освен што е задоволна со своето тело, но и од другите бенефити од намалувањето на килограмите, како што е поголемата енергија и подоброто здравје, Ребел воочила и дека луѓето поинаку се однесуваат кон неа откако таа го промени изгледот.

„Понекогаш луѓето, кога си крупен, не те гледаат двапати. Сега ми се нудат да ми ги носат кесите од продавницата до автомобилот, ми ја придржуваат вратата, ми се насмевнуваат“, раскажа таа во шоуто „The Morning Crew with Hughesy“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Rebel Wilson (@rebelwilson)

Тоа ја поттикнало да се запраша: „Дали е тоа нешто низ кое постојано луѓето поминуваат?“

„Интересно е колку внимание луѓето им обрнуваат на трансформацијата и слабеењето, а толку многу други работи се случуваат во светот“, изајви таа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Rebel Wilson (@rebelwilson)

Вилсон 2020 година ја нарече „година на здравјето“. Патот до промената го документираше на Инстаграм, а до целта дојде благодарение на исцрпувачките тренинзи и методата која вклучува џвакање на секое залче 40 пати.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот