Актерката Миа Фероу проговори за состојбата на својата ќерка: Сега сите се добро, но тоа беше тешка борба во која Ковид е брутален!

профимедиа

Славната актерка Миа Фероу (75) со олеснување откри дека нејзината ќерка Квинси ја преживеала борбата со коронавирусот.

„Мојата ќерка има 25 години. Го преживеа коронавирусот, но после хоспитализација и неколку многу тешки недели лечење. Нејзиниот 25-годишен сопруг имаше поблага верзија, но силна грозница, дијареа и чир на очното јаболко. Нивното бебе имаше температура, дијареа и ужасен осип по целото тело. Ковид е брутален“, напишала актерката на Твитер.

профимедиа

Таа во април преку Твитер ги замоли своите следбеници да се молат за Квинси, која тогаш била во болница. Инаку, Квинси е посвоена ќерка на Миа Фероу, која има дури 14 деца.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот