Ако запрат инвестициите за намалување на штетните гасови, Абу Даби би изгубиле милиони барели нафта дневно

Фото: EPA-EFE/STR

Главниот извршен директор на Националната нафтена компанија Абу Даби (АДНОК) Султан Ал-Џабер изјави дека намалувањето на инвестициите во јаглеводороди на нула ќе резултира со загуба од 5,0 милиони барели нафта дневно од сегашното ниво на понуда секоја година.

„Фактите се јасни. Тоа би ги направило потресите што ги доживеавме оваа година да изгледаат како помал земјотрес“, рече Ал Џабер, пренесува Ројтерс. Тој додаде дека на светот му е потребна максимална енергија и минимални емисии на штетни гасови.

„Глобалната енергетска ситуација минува низ совршена бура… Глобалните синџири на снабдување остануваат кревки. Геополитиката сега е посложена, фрагментирана и поларизирана од кога било досега“, рече првиот човек на АДНОК

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот