Ако Владата не ги разреши директорите на М-НАВ, контролата на летање в среда стапува во штрајк

М-НАВ Контрола на летање/Фото: МИА

Членството на Струковиот Синдикат на контролорите на летање – ССКЛ доцна синоќа одржа вонреден состанок, на кој одлучиле дека доколку директорите на Македонската навигација не си поднесат оставки или Владата не ги разреши на првата наредна седница закажа во вторник, следниот ден (10 јануари) ќе стапат во штрајк со затворање на воздушниот простор. Како што соопшти претседателот на Синдикатот, Александар Тасевски за вчерашниот инцидент веќе се известени сите меѓународни воздухопловни институции како и синдикати и здруженија на контролори на летање од Европа и очекуваат претставници од истите да пристигнат наскоро како дополнителна помош и поддршка.

Ги повикуваме тројцата извршни директори во М-НАВ А.Д. Скопје, веднаш да дадат оставки од нивните функции, пред се од морални причини, поради ескалација на состојбата до која се дојде во контролата на летање по нивна вина. Истите тие, покажаа дека не само што не се способни успешно да раководат со македонската навигација, туку и дека не се способни да ги заштитат своите вработени и самиот објект од упад на неовластени лица. И по изминати повеќе од 11 часа од нападот врз нашиот колега, ниту еден од нив не најде за потребно јавно да го осуди целиот настан, да излезе со официјален став околу тоа што се случи во една институција која треба да го претставува врвот на безбедносниот систем, не се одважија ниту да понудат своја помош на нашиот повреден колега но ниту да ја гарантираат понатамошната безбедност на вработените кои и покрај се мораа да останат на своите работните места и да продолжат да го контролираат воздушниот сообраќај. Нека не чекаат да бидат разрешени како што е најавено на следната седница на Влада, бидејќи и до сега причинија доволно штета – се вели во објавата на Тасевски.

Приведени четворица за инцидентот во М-НАВ, а полицијата трага по уште четири лица

Од Синдикатот апелираат МВР веднаш да отпочне постапка за пронаоѓање на учесниците во целиот настан. Исто така, побарано е обезбедување на објектот, поради очигледни безбедносни пропусти на службите задолжени за обезбедување на објектот и вработените.

Поради очигледни безбедносни пропусти во службите кои се задолжени за обезбедување на објектот и лицата вработени во објектот на контролата на летање, како и соучесништво од страна на лица кои се вработени во македонската навигација кои го потпомогнале влезот на неовластените лица, побарано е од МВР со распоредување на службени лица да го обезбеди истиот, како и вработените, посебно што станува збор за стратешки државен објект, но и поради фактот дека контролорите на летање нема да продолжат да работат под оправдан страв дека во секој момент некој од надвор би можел да влезе и да ги загрози нивните животи, а со самото тоа и животите на патниците во авионите кои ги опслужуваме. Од страна на МВР веднаш се распоредени службени лица за заштита на безбедноста и на објектот, но и на вработените – вели Тасевски.

Полицаец и осуденик за насилен индицент во кој ранил човек, се напаѓачите во М-НАВ

Тој ги замоли граѓаните, доколку бидат принудени да штрајкуваат, да имаат разбирање за постапките.

Доколку бидеме принудени на реализација на штрајкот на 10.01.2024 година, ги замолуваме сите наши сограѓани да имаат разбирање за нашите постапки и покрај проблемите со кои ќе се соочат при нивните патувања со авион од причина што нашите постапки се насочени во насока да на секој еден патник можеме да пружиме и да гарантираме безбеден лет. За настанот и нашите понатамошни активности, веќе ги известивме сите меѓународни воздухопловни институции како и синдикати и здруженија на контролори на летање од Европа и очекуваме претставници од истите да пристигнат наскоро како дополнителна помош и подршка – додаде Тасевски.

Ќе се затвори ли небото над Македонија? Контролорите на летање подготвија депонирани оставки

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот