Ако треба ќе се соблечам и гола за уметноста! Марија Груевска е подготвена да направи сѐ за својата кариера

Фото: Инстаграм

Македонската пејачка Марија Груевска го привлече вниманието кон себе со своите необични изведби во натпреварот „Ѕвездите на Гранд“, од кои највпечатлив беше кога на сцената се појави со змија околу вратот.

Битолчанката Марија со задоволство истакнува дека заради својата кариера би се соблекла и гола.


– Слободно можам да кажам дека настапот со змијата ме прослави. Кога ќе се појавам на некој настап, сите очекуваат дека ќе се појави и некоја рептил – низ смеа изјави Марија за „Ало.рс!“, па додала:

„Во моментов имам малку поумерени настапи, но со својот тим подготвувам мини-концерти и публиката ќе може да ме види онака како што е навикната преку моите настапи во „Ѕвездите на Гранд““, додала пејачката.

– За мене не постојат граници кога се во прашање перформансите, колку што дозволува уметноста, до таму одам – ​​вели атрактивната Марија и објаснува што за неа претставува голотијата.

– За мене голотијата преставува исто така и еден вид уметност. Зад мене е сериозен тим кој води сметка за моите јавни настапи и ако се случи некоја сцена да го бара тоа од мене, јас нема да имам проблем да се соблечам – рекла искрено пејачката.

Марија додала дека својата кариера ја гради постепено, скала по скала.

– Кариерата ја градам скала по скала, не би сакал преку ноќ да стекнам огромна популарност бидејќи многумина кои тоа го доживеаја преку ноќ паднаа и исчезнаа од јавната сцена. Можеби целта ми е потешка, но верувам во себе и знам дека далеку ќе одам – изјавила Марија за „Ало!“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот