Академија ФМП последен полуфиналист во кошаркарскиот Куп

Навико Академија ФМП се прегистрираше во Акционерско друштво/Фото: КФСМ

Кошаркарите на Навико Академија ФМП се последни полуфиналисти на завршниот турнир од Купот „Благоја Георгиевски-Буштур“ откако во четвртфиналето во драматичен натпревар го победија минатогодинешниот финалист Еуро Никел 2005 со 91:88.

„Академците“ подобро го отворија наптреварот, поведоа со 16:5, но по тајм-аутот на Горан Самарџиев,тимот од Кавардарци со вратија во игра правејќи серија 5:14 со која дојдоа до минус два (21:19).

Втората четвртина во најголем дел помина во израмнета игра се до финишот, кога Еуро Никел во 18 минута поведе со 41:45. Во последните две минути од втората четвртина Академија ФМП направи серија од 8:0 и на одмор замина со предност од 49:45. Серијата продолжи и во третата четвртина со тројката на Бакоч за 52:45, а кон крајот на третиот дел предноста се зголеми на 16 поени (69:53).

Кавадарчани не се предадоа, Димчевски погоди две тројки, по што во последната четвртина успеаја целосно да се вратат во игра израмнувајќи на 79:79. Но, тоа не ги исплаши кошаркарите на Навико Академија ФМП кои беа поприсебни во финишот и дојдоа до водство 88:82 кое се покажа недостижно за Еуро Никел.

Били Ајви со 23 поени, седум скока и пет асистенции беше најпрецизен во победничкиот тим, каде што Филип Бакоч постигна 20, а Стефан Крстајиќ 19 поени. Кирил Николовски со 17 поени беше најефикасен кај Еуро Никел.

Академија ФМП во првото полуфинале утре ќе се сретне со ТФТ, а во второто полуфинале силите ќе ги одмерат МЗТ Скопје и Феникс.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот