АГРОМЕТЕО: Колку подолго се задржи студеното време, толку побогат род ќе имаме

Овошни пупки / Фото: EPA-EFE/JEAN-CHRISTOPHE BOTT

Разладувањето на атмосферата, со врнежи од дожд и снег, со пониски дневни температури, во изминатата седмица, го  забавија или го одржуваа на исто ниво пролетното будење на овошките. Тоа е добро за овој период од годината сеедно што температурите беа подпросечни, информира Ангелко Ангелески, советник за агрометеорологија во УХМР во најновиот извештај.

Зимата сѐ уште календарски трае и не е невообичаено во овој период од годината да има и негатвни температури. Ниските минимални утрински температури кои се очекуваат во текот на викендот и наредната седмица, особено во првите неколку дена, од агрометеоролошки аспект можат да причинат штети доколку во регионите каде е веќе расветан бадемот, сливата и раните сорти кајсии температурите паднат под -5 оС, што е температура која е пониска од издржливоста на овошките во оваа фаза.

Во повисоките региони каде не е отпочната вегетацијата добро е што ќе ги одржи подолго време во мирување овошките и виновата лоза, затоа што колку подолго се одржува оваа фаза толку се поголеми шансите да имаме поуспешна реколта.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот