Агенција за филм / Фото: МИА

Агенцијата за филм со реакција до Венецискиот филмски фестивал: Вие сте во заблуда за Манчевски

Првиот човек на Агенцијата за филм, Бојан Лазаревски реагира на писмото што Венецискиот филмски фестивал го објави во кое изрази поддршка за Милчо Манчевски и побара од раководството да го повлечат писмото. Лазаревски наведува дека не станува збор за никаков прогон на автор, туку за истраги и постапки за правен субјект во сопственост на Манчевски, односно правни постапки за расчистување на финансиски злоупотреби, недоставување на финансиски извештаи за потрошени 900.000 евра, како и низа други индиции.

Изразуваме огромно жалење што вие како први луѓе на филмскиот фестивал во Венеција и филмските професионалци во Италија сте доведени во заблуда, без да ги знаете фактите и вистината и што на овој начин дополнително правите притисок на јавноста и институциите во нашата држава. Институцијата која ја споменувате, Агенцијата за филм на РСМ веќе 14 години нема одбиено ниту едно барање за финансиска поддршка на режисерот Манчевски. Актуелното раководство во последниве 5 години на истоимениот режисер му има одобрено средства во висина од 2,3 милиони евра – се вели во реакцијата.

Лазаревски му порача на раководството на Венецискиот филмски фестивал да го увидат пропустот и да го повлечат писмото.

Искрено се надеваме дека ќе го увидите овој пропуст, ќе ја разберете нашата реакција и во интерес на правдата и Законот ќе го повлечете писмото со што без дополнителен надворешен притисок ќе се даде простор на независните институции на нашата држава, која е аспирант за членство во Европска унија, да ги утврдат спорните факти и да донесат соодветни правни одлуки – се вели во соопштението.

Тој порача дека Агенцијата за филм и државата не вршат никаков политички или каков било друг притисок врз Манчевски, ниту пак има постапки за било кој друг автор.

Убеден сум дека и вие сте на страната на правдата и законот, кога станува збор за финансирање и трошење на средствата од јавните фондови за поддршка на филмската уметност – порача директорот на Агенцијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот