Афти, мачнина, главоболки: Не игнорирајте ги сигналите што ви ги испраќа организмот

pexels
Фото: Pexels / Andrea Piacquadio

Брзото темпо на живот значи дека сè што правиме, правиме брзо, се храниме нездраво и постојано сме под стрес, а сето тоа заедно остава последици по организмот. Исхраната е еден од најважните фактори бидејќи преку храната ги внесуваме потребните витамини и минерали без кои не би биле возможни многу процеси во организмот.

Телото ни испраќа предупредувања кога нешто не е во ред, па затоа е важно да ги следите овие сигнали за да ги елиминирате можните здравствени ризици и да ја вратите внатрешната рамнотежа на организмот. Повеќето луѓе обично дознаваат за недостаток на некој витамин или минерал во телото кога ситуацијата е веќе драматична.

Придонесот што го пружаат витамините од Б комплексот во нормалното функционирање на нашиот организам е огромен. Тие придонесуваат за нормално функционирање на имунолошкиот систем и хормоналните активности бидејќи се важни за синтезата на хормоните, играат важна улога во спречувањето на нарушувањата на централниот и периферниот нервен систем и значително влијаат на расположението.

Недостатокот на витамин Б предизвикува многу проблеми, меѓу другото: недостатокот на витамин Б1 може да се забележи со несоница, замор, слабост во мускулите, исцрпеност, раздразливост, губење на тежината, проблеми со срцето и со органите за варење.

Симптоми на недостаток на витамин Б2 се иритација на очите, мрсна кожа, фистули во устата и на јазикот, осип и воспаленија на кожата.

Недостатокот на витамин Б3 влијае на појавата на главоболки, слабост, лош здив, нервоза, дигестивни проблеми и губење на апетитот. Ако имате недостаток на витамин Б5, ќе имате грчеви, замор, аритмија, чувство на печење во стапалата и нозете, нагон за повраќање.

Недостатокот на витамин Б6 доведува до несоница, анемија, односно слабокрвност, проблеми со кожата, опаѓање на косата, грчеви и задржување на течности. Знаци на недостаток на витамин Б12 се замор, дијареја (пролив), нерасположение, недостаток на апетит, нервоза, воспалителни процеси на јазикот и во устата.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот