Адвокатот на Ѓоковиќ: Против Новак не е поднесена кривична пријава

Новак Ѓоковиќ, еден од најдобрите во историјата на тенисот/фото: EPA-EFE/JAMES ROSS

Нападите врз Новак Ѓоковиќ продолжуваат и две недели по депортацијата од Австралија, а покрај западните медиуми има и такви од Србија кои застанаа на нејзина страна, па во најновиот текст на „Би-Би-Си“ каде се анализира ПЦР тестот на Новак, со помош на Британците се најдоа и српските новинари, како и еден српски научник.

Токму поради наводниот проблем со ПЦР тестот, кој го демантираше и членот на кризниот штаб, Зоран Гојковиќ, кој пред неколку недели истакна дека тестот на Новак Ѓоковиќ е валиден и издаден од надлежен орган на Република Србија.

Но, некои медиуми објавија и информации дека дел од нив поднеле кривична пријава против неидентификувани лица, наводно поради фалсификување на резултатот на Новак од ПЦР тестирањето.

По тој повод, адвокатот на најдобриот светски тенисер, Горан Драганиќ, достави изјава до медиумите во која демантираше дека има кривична пријава против Новак Ѓоковиќ.

– Во врска со објавувањето на неточни информации во некои медиуми дека е поднесена кривична пријава против Новак Ѓоковиќ и дека против него се води кривична постапка, сакам да ја информирам јавноста дека добив официјално известување од Првото основно јавно обвинителство во Белград дека ова јавно обвинителство ниту го гони Новак Ѓоковиќ, ниту против него е поднесена кривична пријава – рече адвокатот на најдобриот тенисер во светот, Драганиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот