„АДРИА ЕРВЕЈС“ ПРЕД БАНКРОТ: Привремено откажани сите летови

Фото: МИА

Словенечката авиокомпанија „Адрија ервејс“ поднесе барање за банкрот и ги откажа сите летови, стои во денешното соопштение објавено од страна на оваа компанија, пренесува Курир.рс.

Ваквиот расплет на ситуациите следува откако овој авиопревозник минатата недела откажа голем дел од своите летови поради финансиски проблеми, пренесува агенцијата Ројтерс.

Раководството на превозникот уште минатата недела побара четири милиони евра од владата, но тие средства не беа одобрени, пренесува агенцијата СТА.

– Одлуката привремено да ги прекинеме летовите е последица на недостаток на пари кои и се потребни на авиокомпанијата за да продолжи со работа. Компанијата интензивно бара решение во соработка со потенцијален инвеститор. Целта да овозможиме „Адрија Ервејс“ повторно да лета“, стои во соопштението на компанија.

Компанијата порано беше во државна сопственост, но приватизацијата се случи во 2016 година, кога му беше продадена на германскиот фонд 4К Инвест.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот