Адеми: Лажна е веста дека училиштата ќе продолжат да работат на 18 мај

Арбер Адеми/ Фото: МИА

Министерот за образование и наука Арбер Адеми ја демантираше веста дека училиштата ќе продолжат да работат на 18 мај. Од утринава по групите на социјалните мрежи почна да кружи информација, наводно уредба со законска сила донесена од Владата на седница што се одржала вчера дека сите основни и средни училишта ќе ја продолжат учебната 2019/2020 година на 18 мај, под посебни услови.

Адеми експресно ја дематираше информацијата на својот профил на фејсбук, а од Владата велат дека вчера не одржале седница.

Во лажната информација беше наведено Владата го задолжува МОН да изготви протоколи за безбедно продолжување на учебната година и во координација со директорите на училиштата да обезбеди да се превземат превентивни мерките за заштита од коронавирусот, да се почитуваат препораките на Институтот за јавно здравје, да се воведе настава во три смени за да се постигне социјална дистанца, да се одржува хигиената, наставниците и учениците задолжително да носат маски, а наставниот час наместо 40 да трае 30 минути.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот