Адеми: Инвестирањето во децата е наш главен приоритет

Арбер Адеми/ Фото: МИА

Денес за децата од сите возрасти се бара внимание од родителите, државата и воопшто од општеството, порача министерот за образование и наука Арбер Адеми по повод Меѓународниот ден на детето – 1 Јуни.

На својот фејсбук-профил Адеми истакнува дека овој ден не треба да се одбележи само како празничен, туку, како што вели, „да ни служи како ден на сензибилизирање да кажеме НЕ за секакво насилство и злоупотреба кон децата”.

-Секако, нашата поддршка за децата нема да изостане никогаш и инвестирањето во нив ќе биде наш главен приоритет, бидејќи инвестирањето во децата е инвестиција во иднината на земјата, напиша Адеми на Фејсбук. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот