Адеми и Ристовски со Динамо во лудо финале го освоија Купот на Хрватска

Фото: EPA-EFE/ANTONIO BAT

Екипата на Динамо Загреб за која настапуваат македонските репрезентативци, Аријан Адеми и Стефан Ристовски, ја освои двојната круна во Хрватска откако вечерва триумфира во Купот.
„Модрите“ во неверојатен натпревар со 6:3 ја совладаа Истра 1961 и по 16. пат триумфираат во Купот, а по 12, пат ја освојуваат двојната круна.

Динамо по првото полувреме имаше предност од 3:0 со головите на Оршиќ, Адеми и Мајер и кога сите помислија дека победникот е решен, фудбалерите на Истра на стартот од второто полувреме за една минута преку Хара дадоа два гола и намалија на 3:2. Динамо потоа зголеми на 4:2 со автоголот на Шутало, за Гржан повторно да внесе резултатска неизвесност. Во финишот Оршиќ и Гаврановиќ дадоа уште два гола за заверка на победата и трумф во Купот.
Македонските репрезентативци Адеми и Ристовски ги одиграа сите 90 минути за Динамо Загреб.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот