АБА2 лига: Слобода Ужице е наредниот противник на МЗТ Скопје

Фото: ABA League/Dragana Stjepanovic

Откако ја запишаа и четвртата победа сезонава во АБА2-лигата против Хелиос (70:69), денеска МЗТ Скопје Аеродром ќе го одигра и вториот натпревар од вториот „балон“ во ова регионално натпреварување.

„Металците“ (учинок 4-1) од 13.00 часот на турнирот во Бања Лука ќе ги одмерат силите против Слобода Ужице.

Играчите предводени од тренерот Ѓорѓи Кочов имаат шанса со нова победа против српскиот претставник да останат во трка за врвот на табелата каде што „штрковите“ се на петтата позиција со девет бодови, само два помалку од водечкиот Златибор Чајетина (Србија).

Кочов не беше задоволен од финишот на дуелот со словенечката екипа која што можеше многу лесно и покрај високата негатива да направи целосен пресврт. Стратегот на македонската екипа се надева нема да се повторат такви глупости и неодговорност во следните предизвици.

Се играат уште два меча во текот на денешниот ден, од 17.00 часот Златибор Чајетина ќе се соочи со Студентски Центар, а од 21.00 часот Младост Земун се соочува со Спарс Сараево.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот