Џеф Безос и Лорен Санчез / Фото: Drew Angerer / AFP Profimedia

Џеф Безос и Лорен Санчез испраќаат покани за свадба: Ќе се венчаат на нивната јахта вредна 500 милиони долари

Основачот на „Амазон“ и еден од најбогатите луѓе во светот Џеф Безос и неговата свршеница Лорен Санчез испратија покани за нивната долгоочекувана венчавка, која ќе се одржи летово, по две години веридба, пишува „Њујорк пост“.

На почетокот на оваа година, „Пејџ сикс“ ексклузивно откри дека двојката ќе се венча во јуни на нивната јахта Кору, вредна 500 милиони долари, во близина на брегот на Италија.

Иако претходно кружеа гласини дека парот ќе се венча во Колорадо, Безос брзо го демантираше тоа.

Наводно, меѓу гостите ќе бидат и оние кои биле присутни на нивната свршувачка на луксузна јахта во август 2023 година, а се очекува да пристигнат и познати имиња како Бил Гејтс, Леонардо ди Каприо, Крис Џенер, кралицата Ранија од Јордан и многу други.

Двојката официјално ја потврди врската во јануари 2019 година, набргу откако Безос објави дека се разведува од сопругата Мекензи Скот, со која има четири деца. Во исто време, Лорен Санчез поминуваше низ развод од нејзиниот сопруг Патрик Вајтсел, со кој беше во брак 13 години и имаше две деца. Покрај тоа, таа има син од претходната врска со поранешната НФЛ ѕвезда Тони Гонзалес.

Освен што се подготвува за претстојната венчавка, Санчез се подготвува и да предводи целосно женска експедиција во вселената. Пред повеќе од две години, во интервју за „Wall Street Journal“, таа ја откри својата желба да лета во вселената со целосно женска екипа. Таа тогаш изјави дека нејзините пет придружнички ќе бидат жени кои го менуваат светот, кои имаат влијание и испраќаат силни пораки.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот