Апсење
Фото: илустрација / ЕПА/ЕФЕ

68-годишен скопјанец со години силувал дете и ги снимал гнасните чинови

Детето имало само единаесет години кога започнала страшната голгота, која траела речиси три години

68-годишен жител на Скопје ќе одговара откако во период од три години во повеќе наврати принудувал дете, кое имало само 11 години кога почнала голготата, на сексуални односи, соопштија полицијата и Обвинителството. Осомничениот, кој е уапсен вчера, ги снимал силувањата како порнографски видеа.

„Осомничениот во временскиот период од 2023 година до 27.04.2026 година на различни локации принудувал на полов однос дете родено во 2012 година и го злоупотребувал за да сними фотографии и видеа со порнографска содржина. На детето му се заканувал дека доколку каже некому, снимените материјали ќе им ги покаже на други луѓе“, велат од Обвинителството.

Од полицијата соопштија дека го уапсиле осомничениот вчера, како и дека по итна постапка му е поднесена кривична пријава, а судија му определил 30-дневен притвор.

„Вчера (27.04.2026) полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода С.Ш. (68) од Скопје, поради основи на сомнение за сторено кривично дело „силување на дете кое не наполнило 15 години” по чл. 188 од КЗ, односно затоа што од 2023 година принудувал на сексуални односи малолетник од Скопје, а го злоупотребувал и за снимање видеоматеријал со порнографска содржина. По обезбедување на целокупниот доказен материјал, од страна на Единицата за насилен криминал-Одделение за крвни и сексуални деликти против С.Ш. поднесена е кривична пријава по итна постапка, а од страна на судија на претходна постапка на осомничениот му е изречена мерка притвор во траење од 30 дена“, соопшти МВР.

Голема група деца нападнале 13-годишно момче во Аеродром, му извадиле нож и снимале

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот