3 работи во спалната соба кои го зголемуваат стресот: Престанете со овие нешта да си го уништувате здравјето!

Фото: Пиксабеј

Просториите во кои престојуваме и начинот на кој ги одржуваме се длабоко поврзани со нашето здравје…

Терапевтката Сесил Ахренс, која го води подкастот „Get Mental“ за менталното здравје откри кои работи во спалната соба можат да го зголемат стресот.

Одредени предмети и елементи можат да создадат стрес и да доведат до тоа нашите тела да се чувствуваат потиснати, вели Ахренс.

Немате доволно простор за работите

Фото: Пиксабеј

Отсуството на соодветен простор за чување на личните предмети, како работите за лична хигиена, може да доведе до неред. Виртуелната гужва го отежнува релаксирањето.

„Со ослободувањето на просторот на својот ум му подарувате релаксација“, изјави Марк Лоевен, терапевт и основач на Советувалиштето „LaunchPad“.

Поради тоа е важно да не правите неред во просториите во кои одмарате и се релаксирате.

Ахеренс нагласува дека скршените работи без двоумење треба да ги фрлите.

Неуреден кревет

Фото: Пиксабеј

Местењето на креветот е задача која ќе ви овозможи подобро чувство од самиот почеток на денот.

Ахренс наведува дека неуредниот кревет е знак за неорганизираност, поради кој во вашата спална соба може да се зголеми стресот.

Расфрлана облека

Исто така, купот со расфрлана облека може да предизвика голем стрес, чувство за неуредност, и чувство за немање на простор и време за организација во животот.

Токму поради тоа, важно е да ја одржувате спалната соба уредна.

За да стане ваша оаза на мирот и место за опуштање потребно е да го наместите креветот, да ја наредите облеката во плакарите и да се ослободите од сите непотребни работи во неа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот