2 модели на здолништа кои Французинките никогаш нема да престанат да ги носат – Модни парчиња за цел живот! (ФОТО)

профимедиа

Кога станува збор за модата, за Французинките удобноста и практичноста се наоѓа на самиот врв на листата со приоритети. Тоа најлесно се гледа во нивниот избор на парчиња облека.

Исклучок не се ниту здолништата, а кога ќе погледнеме кои модели им се најдраги, јасно е дека при нивниот избор тие водат сметка токму за тие приоритети.

Судејќи според комбинациите на славните Французинки кои веќе со години ја носат титулата на модни икони, два модели се наметнуваат како апсолутен фаворит.

1. Пенсил сукња

профимедиа

Не треба премногу да се објаснува зошто овој модел е толку популарен не само меѓу Французинките туку и меѓу останатите жени ширум светот. Оваа сукња со едноставен крој навистина може да се носи во секоја прилика. Прилагодлива е во разните стилови, изгледа одлично и во деловните и во свечените варијанти, а може да биде и поприлично гламурозна со вистинските потпетици и додатоци.

Модната уредничка Карин Ројтфелд е апсолутна кралица на пенсил здолништето. Иако има модели во сите бои и со разни дезени, во нејзиниот гардеробер се наоѓаат најмногу црни.

2. Миди сукња

профимедиа

Не е важно дали се работи за модел од рамниот А-крој или ѕвонестиот облик – Французинките не престануваат да ги носат. Ги комбинираат со свечени кошули, топови и најобични маици, па така со задоволство ги носат во сите можни прилики.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот