1МФЛ: Шкендија симната од тронот, Шкупи е новиот шампион на Македонија

Шкупи е шампион на Македонија/ фото: ФК Шкупи

Екипата на Шкупи ја освои шампионската титула во Првата фудбалска лига откако денеска со 2:0 ја совлада Ренова и на четири кола до крајот на сезоната, го отвори шампањското.

Шкупи на четири кола до крајот има 71 бод, дури 13 повеќе од второпласираната Академија Пандев со што и официјално по 21 година и времето кога стапуваше под името Слога Југомагнат, повторно е шампион.
На головите вредни шампионска титула се чекаше до самиот финиш од натпреварот, во 81 минута Адетунџи конечно го скрши отпорот на Ренова и со шут со глава го отвори резултатот. Победата ја завери Куевен по асистенција на Трапаноски во 95 минута.
Фудбалерите титулата ја прославија со навивачите кои последниот судиски свиреж влетаа на теренот.

Во директната пресметка за место Европа, Шкендија до 3:1 ја совлада Македонија ЃП. Дориев и Гури со головите во 17. и во 20. минута и донесоа водство на Шкендија од 2:0, а победата ја завери Дориев со својот втор гол во 68. Минута. „Лавовите“ до крајот на средбата успеаја само да го ублажат поразот преку Купер во 77. минута.

Струга ТЛ пред своите гледачи со 2:0 го совлада Пелистер, додека Тиквеш пукна петарда против Борец.

Резултати 29 коло:
Шкупи – Ренова 2:0
Шкендија – Македонија ЃП 3:1
Тиквеш – Борец 5:0
Струга ТЛ – Пелистер 4:0
Работнички – Скопје 0:1
А. Пандев – Брегалница 2:1

Табела: Шкупи 71, А. Пандев 58, Шкендија 56, Македонија ЃП 53, Брегалница 39, Струга ТЛ 39, Ренова 38, Работнички 37, Тиквеш 30, Скопје 29, Борец 18, Пелистер 10 .

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот