Принц Џорџ - Фото: Принтскрин/Инстаграм

Принцот Џорџ од септември ќе учи во престижниот Итон – елитното образование годишно ќе чини повеќе од 72.000 евра

Кенсингтонската палата објави дека принцот Џорџ од септември ќе оди на училиште во колеџот Итон во Етон, Беркшир, Англија. Тој ќе тргне по стапките на својот татко, принцот Вилијам од Велс, кој исто така учеше во ова приватно училиште во Беркшир, каде што школарината изнесува околу 63.000 фунти (околу 73.000 евра) годишно, пишува „Би-би-си“.

Учениците започнуваат во ова училиште на 13-годишна возраст, а принцот Џорџ следниот месец ќе наполни 13 години. Како најстаро дете на Кејт и Вилијам, Џорџ е втор во линијата за наследство на тронот.

Фото: Hugo Burnand/Royal Household 2023/Profimedia

Постоеја многу шпекулации за тоа кое училиште ќе го посетува принцот Џорџ откако ќе заврши во училиштето Ламбрук во Беркшир, каде што студираше заедно со неговата сестра Шарлот и братот Луис. Меѓу предлозите за кои се дискутираше, а кои беа фокусирани на приватни наместо на државни училишта, беше и колеџот Марлборо, училиштето во кое одела неговата мајка Кејт. На крајот сепак беше избрана традиционална опција, со најавата дека Џорџ ќе оди во колеџот Итон, историското приватно училиште основано во 15 век, каде што учеле дури 20 британски премиери.

Вујкото на принцот Џорџ, принцот Хари, како и неговиот чичко, грофот Спенсер, исто така го посетуваа ова елитно интернатско училиште.

Принц Вилијам и принц Џорџ / Фото: EPA-EFE/FRIEDEMANN VOGEL

Принцот Вилијам, во интервју кога имал 18 години, зборуваше за тоа колку убаво си поминал во Итон.

„Навистина уживав во тоа што можев да се движам низ Итон како и секој друг студент“, изјави тој во јуни 2000 година.

Трошоците за принцот Џорџ ќе го вклучат и ДДВ-то што владата го додаде на школарините за приватните училишта.

Минатиот викенд принцот Џорџ беше виден со своите родители, братот и сестрата на церемонијата „Поздрав на боите“ (Trooping the Colour) во Лондон. Тој постепено се воведува во јавната улога, што вклучуваше и одење со неговиот татко, принцот Вилијам, за да помогнат во хуманитарна организација за бездомници за Божиќ.

Фото: Профимедиа

Кој е принцот Џорџ?

Принцот Џорџ од Велс (Џорџ Александар Луис) е роден на 22 јули 2013 година во болницата Сент Мери во Лондон. Тој е најстарото дете на принцот Вилијам и Кејт Мидлтон, тогашните војвода и војвотка од Кембриџ, а денес принц и принцеза од Велс.

Како првородено дете на престолонаследникот, принцот Џорџ се наоѓа на второто место во линијата за наследство на британскиот трон, веднаш зад својот татко, што значи дека е иден крал на Обединетото Кралство.

Иако неговите родители се трудат да му обезбедат што е можно понормално детство подалеку од постојаното око на јавноста, Џорџ во последниве години сè почесто се појавува на важни кралски и државни настани, спортски манифестации, со цел постепено да се подготви за својата идна историска улога.

ФОТО | Мајка и син: Принцот Џорџ за првпат присуствуваше на важна церемонија во придружба на Кејт Мидлтон

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот