
ФОТО | Горда мајка: Кејт Мидлтон ги покажа неверојатните цртачки таленти на своите деца
Кејт Мидтлон, принцезата од Велс, сподели со јавноста неверојатни рачно нацртани портрети создадени од нејзините деца, принцот Џорџ, принцезата Шарлот и принцот Луис.
Препорачано
Овие мали уметнички дела на кралските деца, кои Кејт ги сподели на официјалниот инстаграм-профил, ги покажаа нивните скриени таленти.
Цртежите на Џорџ, Шарлот и Луис се всушност дел од иницијативата што ја води Кралската фондација за Центарот за рано детство.
Секое од трите деца на принцезата го покажа својот уникатен уметнички израз, а цртежите ги покажаа нивните импресивни вештини.
Така, 10-годишниот принц Џорџ покажа извонредна прецизност во цртањето користејќи живописни црвени и портокалови тонови во неговиот цртеж. Осумгодишната принцеза Шарлот демонстрираше уникатен уметнички стил, која се одлучи за нијанси на сина, зелена, виолетова и жолта, додека најмладиот од нив, петгодишниот принц Луис, изненади со својата креативност, создавајќи детална скица на која е прикажана неговата мајка како седи на стол.
View this post on Instagram
Во оваа креативна активност учествувала и Кејт Мидлтон, која всушност има студирано историја на уметноста, која го нацртала портретот на принцот Луис со затворени очи.
Војвотката Кејт е позната по својата страст за уметност и фотографија, а јасно е дека љубовта кон креативното изразување ја пренела и на своите деца. Овој гест на споделување на детските уметнички дела со јавноста ја покажува топлината и пристапноста на кралското семејство, дозволувајќи им на обожавателите да видат друга страна на младите принцови и принцеза.
Објавувањето на овие портрети не е само сладок семеен гест, туку и начин Кејт Мидлтон да продолжи да ја промовира важноста на уметноста и креативноста во развојот на децата. Ова е во согласност со нејзината долгогодишна поддршка за ликовносто образование и менталното здравје на децата.
Принцот Вилијам и Кејт Мидлтон ги пропуштија БАФТА нагарадите: Отпатуваа со своите деца на Карибите