Фото: Hugo Burnand/Royal Household 2023/Profimedia

ФОТО | Кралот Чарлс ја објави првата фотографија со своите наследници, принцот Вилијам и принцот Џорџ

Британскиот крал Чарлс Трети го одбележа своето крунисување со објавува на нова фотографија со двајцата наследници, престолонаследникот Вилијам и неговиот син, принцот Џорџ. Фотографијата е снимена во собата на тронот на Бакингемската палата на денот кога тој беше крунисан.

Кралот седи во центарот на еден од троновите од 1902 година направени за идниот крал Џорџ Петти и кралицата Марија. На фотографијата кралот е во наметка и со царската државна круна и во рацете држи кралско јаболко и жезол со крст. На фотографијата Вилијам и Џорџ стојат од двете страни на кралот и се смешкаат.

Фото: Hugo Burnand/Royal Household 2023/Profimedia

Во петокот беше објавена уште една фотографија на која се гледаат Чарлс и Камила со нивните пажови и дворски дами. Исто така е снимена во собата на тронот на Бакингемската палата на денот на крунисувањето. На третата фотографија е прикажан насмеаниот принц Џорџ, како и внуците на кралицата Фреди Паркер Боулс, Гас Лопес и Луис Лопес и правнукот Артур Елиот.

Фото: Принтскрин/Инстаграм

Покрај кралицата Камила стои нејзината сестра Анабел Елиот, а покрај кралот е маркизата од Ландсдаун – која е именувана во кралското домаќинство како придружничка на кралицата во 2022 година.

Фото: Принтскрин/Инстаграм

Фотографиите се направени од Хју Барнард, кој ја снимил и свадбата на Чарлс и Камила во 2005 година.

Крунисувањето на Чарлс Трети го следеле околу 14 милиони гледачи на Би-Би-Си

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот