15-годишниот тинејџер од Флорида кој силувал старица/Фото: Скриншот

15-годишно момче од Флорида осудено на 25 години за силување на 91-годишна сосетка

15-годишниот тинејџер од Флорида, кој кога имал 14 години извршил особено насилен сексуален напад врз 91-годишна жена што лично ја познавал, во петокот е осуден на 25 години затвор.

На Џеси Стоун ќе му бидат одземени 237-те дена кои веќе ги одлежал, а по ослободувањето ќе остане под надзор уште 30 години како осуден за сексуален престапник. Неговите детали и фотографии беа објавени во јавноста откако беше кривично гонет како малолетник.

Според обвинителството на округот Мерион, Стоун упаднал во домот на жената ноќе додека таа спиела и ја нападнал. Откако беше испрашуван од властите за неговата ДНК пронајдена на местото на злосторството, момчето се изјасни за виновно за сексуален напад и провала со употреба на сила.

Во текот на рочиштето, обвинителите ставија посебен акцент на насилството што го употребил малолетникот, посочувајќи дека жртвата, која живеела блиску до семејството на обвинетиот, секогаш се однесувала љубезно со него.

 

„Таа беше жена која не му покажа ништо друго освен љубов и добрина кога живееја заедно во истото соседство“, рече обвинителката Катрина Селф. „Жената го сметаше обвинетиот за свој пријател“.

Обвинителството опиша како Стоун го покрил лицето на жената со перница за време на нападот, обидувајќи се да ја спречи да го препознае. Таа тврдела дека тинејџерот можел да ја удави и дека ја држел долго додека таа се обидувала да се спротивстави.

„Неговите постапки не беа резултат на паника, туку на свесни одлуки“, забележа Селф, нагласувајќи дека Стоун дејствувал со „сексуална намера“.

Судијката Лиза Херндон при објавувањето на казната ја нагласи сериозноста на кривичното дело.

„Постапките на обвинетиот биле крајно сериозни, а жртвата има среќа што преживеала под овие околности“, рече тој.

На страната на одбраната, адвокатот Џонатан Милс се фокусираше на возраста на Стоун и недостатокот на претходна криминална историја.

„Неговиот мозок не беше целосно развиен кога се случи инцидентот“, тврди Милс, опишувајќи го неговиот клиент како тинејџер „зависник од порнографија“ и без татковска фигура во неговиот живот. Тој исто така објасни дека Стоун се покајал за тоа што го направил и доброволно се согласил да се лекува за сексуални престапници.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот