„Ѕвезда број 1“ – Време е за најголемата аудиција во Скопје
После обиколката на неколку поголеми градови во нашата земја, од каде веќе ги имаме и првите одлични кандидати кои продолжуваат понатака во „Ѕвезда број 1“, време е за најголемата аудиција која ќе се одржи во Скопје, а која, освен за ново пријавените, ќе биде и одлична втора шанса за оние кои од оправдани причини не успеаја да бидат дел од аудициите во својот град.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
„Аудицијата во Скопје ќе се одржи на 04 мај во Македонската опера и балет, а тоа ќе биде навистина одлична можност, не само за оние кои се од Скопје и околината, туку и за сите од останатите места во Македонија кои не се пријавија на изминатите аудиции. Со оглед на масовноста во другите градови, од која и ние самите се изненадивме како тим, очекувам оваа аудиција во Скопје да биде најголемата досега одржана во главниот град“, вели Елена Петреска, која е дел од жирито, а воедно и главен „виновник“ за стартот на „Ѕвезда број 1“ и додава дека со оглед на досегашното позитивно искуство, навистина жирито повторно ќе има голем предизвик да направи селекција на талентираните кандидатите.
Пријавувањето на кандидатите е по пат на порака на фан страната „Ѕвезда број 1“ на социјалната мрежа „Фејсбук“, каде кандидатот треба да испрати име, презиме и наслов на двете песни со кои ќе се престави, една забавна македонска и еден странски хит, но доколку не го направи тоа, ќе има можност да се пријави и на лице место пред почетокот на аудицијата.
Аудицијата во Скопје ќе се одржи во Македонската опера и балет, а почетокот е закажан за во 16 часот.


