Зошто витаминот Д е особено важен во зимскиот период и во кои намирници го има најмногу
Пред нас е зимата, а во текот на овој период поголемиот дел од денот го поминуваме во затворени простории, а сончевата светлина е значително помалку присутна. Токму поради тоа, природното создавање на витамин Д во организмот се намалува, што може да се одрази врз имунитетот, расположението и здравјето на коските.
Препорачано
Недостатокот на овој витамин често се манифестира преку намалена енергија, почести настинки и чувство на замор кое е вообичаено за студените месеци. Сепак, со правилен избор на храна, можно е да се надополни потребната количина витамин Д и да се одржи добрата физичка состојба.
Масната риба, како лососот и сардините, е одличен извор на витамин Д, но и на здрави масни киселини кои го поддржуваат здравјето на срцето и мозокот. Јајцата, особено жолчката, се практичен и природен начин за внесување на овој витамин во секојдневната исхрана.
Млечните производи збогатени со витамин Д – млеко, јогурт и сирења – исто така придонесуваат за задоволување на дневните потреби. Печурките, особено оние изложени на сончева светлина, претставуваат природен извор на овој витамин, а растителните напитоци како соиното или бадемовото млеко често се дополнително збогатени и се добар избор за разновидна исхрана.
Редовниот внес на витамин Д во текот на зимските месеци помага за зајакнување на имунолошкиот систем, одржување на стабилно ниво на енергија и подобро општо чувство.


