Зошто треба да го замрзнувате лимонот

, Image: 334523241, License: Royalty-free, Restrictions: , Model Release: no, Credit line: Oksana Bratanova / Alamy / Alamy / Profimedia

Најновите студии направени околу тоа колкаво е позитивното влијание на лимонот врз целото тело покажале дека ова овошје поради високото ниво на витамин Ц и на калциум што го има во составот, важи за еден од најздравите плодови што ни ги дала природата.

Меѓу другото, дали сте знаеле дека лимонот треба да го користите во целост, а не само неговиот сок? Ништо од него не смее да заврши во канта за отпадоци и не само поради неверојатниот вкус туку и поради сите здравствени придобивки што ги нуди.

Затоа, барем еднаш во текот на денот земете еден органски одгледан лимон, убаво измијте го и ставете го во замрзнувач. Откако лимонот ќе замрзне, извадете го од замрзнувач и изрендајте го.
Вака подготвениот лимон додајте го врз омилениот сладолед, врз свежа сезонска салата или врз тестенините што претходно сте ги свариле.

Со додавање рендан замрзнат лимон, храната ќе добие сосема нов и уникатен вкус, кој ќе ве изненади.

Уште една важна информација поврзана со лимонот што мора да се знае е дека неговата кора содржи 5 до 10 пати повеќе витамини отколку што има во неговиот сок.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот