Навистина ќе се изненадите: Зошто треба да чувате сапун покрај креветот

Фото: Sarah Chai / Pexels

Рутината на одење на спиење вклучува многу работи: туширање, миење заби и облекување на најудобните пижами што ги имаме.

До денес можеби никогаш не сте размислувале за тоа да ставите сапун како неопходен предмет на вашата ноќна масичка, но сигурни сме дека придобивките ќе ве изненадат.

Освен што го користите под туш или лавабо, парче сапун може да ги одржува чисти вашата соба и домот на начини на кои не сте ни замислувале, пишува „Хаус диџест“ (House Digest).

Може да одбива инсекти и нечистотии

Една од најефикасните предности од чувањето сапун во близина е неговата способност да ги одбие инсектите и нечистотијата. Ако сте градинар, можете да ставите парче сапун во вашата градина за да спречите плевел и да ги заштитите вашите растенија од гладни инсекти и животни. Можете, исто така, да користите сапун за на безбеден начин да ги држите пајаците надвор од вашиот дом.

Според „Медикал њус тудеј“ (Medical News Today), сапунот и детергентот се исто така лесен и безбеден начин за контрола на инсектите во домот, особено комарците и другите инсекти кои се хранат со крв. Д-р Клемент Винаугер, доцент на Универзитетот Вирџинија Тек, објасни дека сапуните со силни мириси, како кокос или еукалиптус, се одбивни за многу инсекти.

Ако вашата соба има тенденција да привлекува инсекти, парче сапун покрај вашиот кревет, на пример, на ноќното масиче може да ги одбие овие бубачки и да ја исчисти вашата соба од преостанатите инсекти.

Маслото од цитронела, кое се користи во репелентите против инсекти, може да се најде во одредени медицински сапуни. За најдобри резултати, ставете свежо отворен сапун во близина на креветот. Кога ќе излезете, ставете парче во џеб за да ги одбиете инсектите.

Помага кај синдромот на немирни нозе

Верувале или не, сапунот може да помогне и при вообичаено невролошко нарушување: синдром на немирни нозе (РЛС). На пример, д-р Мехмет Оз вели дека некои луѓе веруваат дека парче сапун помага да им се опуштат нозете преку ноќ.

„Луѓето го ставаат под чаршафите“, објасни тој. „Сметаме дека лавандата е релаксирачка и можеби корисна сама по себе. Околу 42 отсто од пациентите со РЛС позитивно реагирале на овој раствор од сапун, дури иако тоа не е научно докажано.

За почеток, под чаршафите ставете свеж сапун со силен и смирувачки мирис. Синдромот на немирни нозе обично се карактеризира со огромна желба за движење на нозете, што често ги спречува пациентите да се релаксираат и да заспијат.

Иако нема научни докази дека парче сапун може да излекува РЛС, Националната медицинска библиотека известува дека силните мириси како лавандата и кокосот имаат својства на инхалација кои го смируваат парасимпатичкиот нервен систем и ги регулираат процесите на телото. За најдобри резултати, исправете ги нозете врз сапунот за директно да ги изладите нервите.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот