ЗОШТО ТРАМП Е ТОЛКУ ПОРТОКАЛОВ: Неговиот одговор ГО ЗАПРЕПАСТИ светот!
Американскиот претседател е познат по своите изјави против проектите за штедење на енергијата и спас на планетата, но сега отиде чекор подалеку.
Во својот последен говор тој објасни зошто изгледа толку портокалово и за тоа ги обвини, ни помалку ни повеќе, туку штедливите светилки.
„Што е со оние светилки. Најпрво, она што ми е важно мене, е дека поради овие светилки изгледам портокалово. После, поскапи се од обичните кои досега ги користевме, а функционираат добро“, изјавил тој.
Тој дури и тврдел дека и присутните во публиката за време на неговиот говор исто така изгледаат многу портокалово. Со ова, тој им порача на административците да ја ограничат употребата на овие штедливи светилки, за да бидат економични.